Компанијата HMD се подготвува за претставување на новиот флип-телефон, наречен HMD Icon Flip 1.
Дизајнот и спецификациите на телефонот беа откриени на интернет пред официјалното претставување, па е познато дека Icon Flip 1 ќе има 2,8-инчен главен внатрешен екран, 1,7-инчен надворешен екран, камера од 2 MP со фиксен фокус и батерија со капацитет од 1.500 mAh, која може да се вади.
Како што лесно може да се заклучи, станува збор за обичен мобилен телефон, а не за смартфон, кој користи S30+ софтвер со поддршка за cloud апликации.
Телефонот е опремен со процесор Unisoc T127, спарен со 48 MB RAM и 128 MB внатрешна меморија, поддржува 4G LTE мрежа, Bluetooth 5.0 и има 3,5 mm приклучок за слушалки. Ќе се продава во бои Magenta, Bleen и сјајна црна.
На прв поглед, телефонот изгледа како благо подобрена верзија на Nokia 2660 Flip од 2022 година, но без логото на Nokia и со смели бои на HMD.
Засега не е познато кога ќе биде претставен телефонот и колку ќе чини, но јасно е дека ќе има пристапна цена.

