Дека Apple следната година ќе го претстави iPhone SE 4 е веќе позната информација, но се чини дека тоа ќе се случи порано од првично најавеното.
Според најновите информации, iPhone SE 4 официјално ќе биде претставен во март, еден месец порано од претходната најава.
Според извори од синџирот на добавувачи, MacRumors тврди дека смартфонот е практично потврден за првиот квартал од 2025 година и дека ќе биде опремен со 5G модем на Apple.
Важно е да се напомене дека не станува збор за нови извештаи, туку овие информации можат да се сметаат како потврда на претходно објавените. Така, iPhone SE (2025) дефинитивно ќе пристигне на пазарот.
Новиот смартфон нема да ја има Touch ID технологијата, но ќе располага со екран со засек (notch) во кој ќе биде сместена Face ID технологијата. Уредот ќе користи панел кој претходно беше користен за iPhone 14.
Сепак, на задната страна ќе има само една камера, слично како и кај претходните верзии на iPhone SE.
Apple го продаваше iPhone SE (2022) по цена од 429 долари, но новиот модел најверојатно ќе чини 459 или дури 499 долари.

