Немаше сомнение дека по премиерата на Redmi Note 14 серијата во Кина кон крајот на септември, Xiaomi ќе ја понуди и на меѓународните пазари, а сега знаеме кога ќе се случи тоа. Индиската филијала на компанијата објави дека подготвува настан на 9 декември, кога ќе ги објави уредите од Redmi Note 14 5G серијата.
Да потсетиме, во Кина веќе беа претставени Redmi Note 14, Redmi Note 14 Pro и Redmi Note 14 Pro+, и најверојатно тие ќе бидат достапни и надвор од Кина. Покрај тоа, се очекува некои од нив да имаат и 4G варијанти. Засега не е познато кога ќе биде премиерата во Европа, но веројатно нема многу да доцни по индиската.
Од друга страна, изгледа дека меѓународната премиера на серијата е забрзана. За споредба, моделите Redmi Note 13 беа претставени во Индија на почетокот од јануари оваа година, па така Redmi Note 14 ќе стигне до Индија еден месец порано. Во Европа, серијата Redmi Note 13 беше претставена на 15 јануари оваа година, па не е исклучено и сега европската премиера на новите модели да биде на почетокот од јануари.