Nubia Z70 Ultra се истакнува како вистински „флегшип“ телефон, со уникатни камери и екран, додека претседателот на Nubia ги обвинува конкурентите за компромисен хардвер и „лажни“ флегшип модели.
Ни Феи, претседателот на Nubia, ги обвини конкурентите дека продаваат „лажни флегшип телефони“ кои се сметаат за врвни само поради користењето на следната генерација чипсетови. Тој нагласи дека нивниот нов модел Z70 Ultra се разликува по овој аспект.
Nubia Z70 Ultra неодамна беше претставен како нов паметен телефон со чипсет Snapdragon 8 Elite. Иако не е првиот телефон со оваа напредна платформа, претседателот на компанијата тврди дека, за разлика од конкурентите, овој модел е вистински флегшип. Во објава на платформата Weibo, Ни Феи изјави дека компанијата не сакала да го следи трендот и да понуди „лажен флегшип“.
Ни Феи истакнува дека многу нови телефони доаѓаат со компромиси. Според него, тие уреди ја носат етикетата „флегшип“ само поради Snapdragon 8 Elite чипсетот, што Nubia не сакала да го направи со моделот Z70 Ultra.
Наместо тоа, Ни Феи вели дека Nubia „одела против струјата“ и го опремила Z70 Ultra со соодветни флегшип спецификации. На пример, тој нагласува дека ова е единствениот паметен телефон со главна камера од 35 мм и променлив отвор на блендата. Исто така, посочува дека 1.5K екранот, кој го зафаќа целиот преден панел, го прави телефонот уникатен, тврдејќи дека е супериорен во однос на 2K екраните со засекп.
Претседателот на Nubia дополнително ги обвинува конкурентите дека се насочени кон профитот, нудејќи хардвер со послаби перформанси. Ова го истакнува кај конкуренти како моделот Xiaomi 15, кој во споредба со претходникот има помалку способна зум-камера.
Друг пример е Realme GT 7 Pro. Иако компанијата многу ги фалела камерите на овој модел, телефото сензорот нема оптичка стабилизација. Сепак, конкурентите воведоа значајни иновации, како што се ултразвучен читач на отпечатоци, отпорност IP69 и IP68, поголеми батерии и закривени екрани од четири страни.
Секако, Nubia Z70 Ultra не е целосно редизајниран во споредба со претходникот. Сепак, нуди подобрувања во повеќето значајни аспекти на работата, пренесува Notebookcheck.