Планетата Земја се разделува од астероид кој во последните два месеци беше наречен „мини-месечина“.
Безопасната вселенска карпа ќе се „отцепи“ утре, совладана од посилната сила на сончевата гравитација, но повторно ќе се приближи во јануари следната година, пренесе Associated Press.
NASA потоа ќе користи радарска антена за да го набљудува астероидот долг 10 метри.
Тоа би требало да го продлабочи разбирањето на научниците за објектот познат како 2024 PT5, најверојатно карпа што се отцепила од Месечината кога астероид удрил во неа.
Иако технички не е месечина, NASA нагласува дека никогаш не била заробена од гравитацијата на Земјата и дека била целосно во орбитата.
Браќата астрофизичари Раул и Карлос де ла Фуенте Маркос од Универзитетот Комлутенсе во Мадрид го идентификуваа „однесувањето на мини-месечината“.
Во јануари, ќе помине на 1,8 милиони километри од Земјата, одржувајќи безбедно растојание пред да „лета“ понатаму во Сончевиот Систем додека орбитира околу Сонцето, за да се врати до 2055 година.
Сегашните податоци сугерираат дека за време на неговата посета во 2055 година, астероидот кој орбитира околу сонцето повторно ќе направи привремена и делумна орбита околу Земјата.