Американскиот регулатор отвори истрага за тоа дали Microsoft ги прекршил правилата за конкуренција во управувањето со податоци и сајбер безбедноста, по жалбите од конкурентите на софтверскиот гигант во Европската унија.
На крајот на септември, Google се пожали на Европската комисија дека Microsoft ги прекршува прописите на Унијата за еднаква пазарна конкуренција обидувајќи се да ги врзе клиентите со платформата за управување со податоци Azure, пренесува Hina.
Microsoft ја потиснува конкуренцијата со злоупотреба на оперативниот систем Windows Server, тврдеа тогаш во жалбата до Комисијата.
Нивните клиенти мора да платат до пет пати поголема цена ако сакаат да користат Windows Server на конкурентни платформи за управување со податоци, изјави тогаш Амит Завери, потпретседател на Google Cloud.
Услугата не поскапува ако ја изберат платформата Azure на Microsoft, додаде Завери.
Microsoft, исто така, ги ажурира безбедносните поставки на својот софтвер подоцна и во помал опсег за клиентите што ја користат инфраструктурата на конкурентот, тврди шефот на Google Cloud, предупредувајќи дека Windows Server на Microsoft и другите производи на Microsoft држат повеќе од 70 отсто од европскиот пазар во бизнисот.
Американската Федерална трговска комисија (FTC) исто така ги истражува поплаките дека софтверскиот гигант ја злоупотребува својата доминантна позиција на де факто пазарот на софтвер, диктирајќи им услови на клиентите што ги спречуваат да пренесуваат податоци од Azure на други платформи, потврдија извори за Ројтерс на почетокот на ноември.
Здружението NetChoice, кое ги претставува компаниите како Amazon и Google, ја критикуваше политиката на Microsoft за лиценцирање софтвер и интеграцијата на алатките за вештачка интелигенција во Office и Outlook.
„Бидејќи Microsoft е најголемата софтверска компанија во светот, со доминантна позиција во областа на продуктивноста на софтверот и оперативните системи, обемот и последиците од неговата политика за лиценцирање се исклучително големи“, велат од здружението.
Американскиот регулатор ги проверува и деловните практики на Microsoft во областа на сајбер безбедноста и производите во сегментот на вештачката интелигенција (AI), изјави неименуваниот извор. FTC побара од Microsoft широк опсег на детални информации, објави Bloomberg.
Истрагата ја одобрила претседателката на FTC Лина Кан, наведува Ројтерс.
Microsoft не сакаше да ги коментира информациите.