Најновите информации сè поконкретно укажуваат дека Samsung планира лансирање на ултра-тенок мобилен телефон под името Galaxy S25 Slim, и тоа веќе на почетокот на следната година.
Според најновите податоци, Samsung планира глобално лансирање на моделот Galaxy S25 Slim, наместо да го ограничи само на Јужна Кореја и Кина (кинескиот модел W25), како што беше случајот со специјалната едиција на Z Fold6.
Новиот Samsung модел „SM-S937B/DS“ се појави во базата на податоци на GSMA IMEI, а се проценува дека станува збор за моделот S25 Slim. Ознаката „B“ укажува на глобалната верзија, додека „DS“ означува верзија со поддршка за две SIM картички, што го потврдува глобалното лансирање на S25 Slim.
Иако се очекува серијата Galaxy S25 (S25, S25+ и S25 Ultra) да биде претставена во јануари следната година, повеќето странски медиуми сметаат дека S25 Slim ќе биде лансиран на посебен настан, најверојатно во април.
Според извештаите, Galaxy S25 Slim ќе има флегшип спецификации кои ќе го надминат моделот Galaxy S25+, но сепак ќе биде позициониран под S25 Ultra. Клучните карактеристики ќе вклучуваат ултра-тенко куќиште и главна камера од 200 мегапиксели, пишува Android Authority.