Компанијата Nothing досега има претставено вкупно пет смартфони, од кои еден е дел од линијата CMF. Меѓутоа, сега се појавија информации дека брендот подготвува три нови модели, кои моментално се во фаза на развој. Според достапните информации, тие ќе пристигнат на пазарот во првата половина на 2025 година.
Изворот на информациите не понуди детали, но еден од овие паметни телефони, наводно, ќе биде Nothing Phone (3) со кодно име Nothing A959, кој ќе биде придвижуван од процесорот Snapdragon 7s Gen 3 на Qualcomm и ќе биде поврзан со 8 GB RAM и ќе работи со Android 15.
Најновиот мобилен телефон објавен од Nothing е Nothing Phone (2a) Plus и стигна по моделот Nothing Phone (2a) Plus Community Edition коj свети во темнина. При првата продажба се распродаде за 16 минути, а малку подоцна одредена количина од уредот беше достапна и во Лондон.