Sony подготви изненадувачка доза на носталгија за гејмерите како дел од прославата на 30-годишнината од конзолата PlayStation и не е само ретро хардверот кој многу брзо се распродаде.
СПе работи за надградба на софтверот достапна од понеделник, која вклучува класичен почетен екран и теми инспирирани од секоја генерација на конзолата на Sony.
„Изберете ја вашата омилена генерација“, е пораката што им се прикажува на гејмерите пред менито за избор на теми поврзани со претходните четири генерации на PlayStation.
Откако ќе се преземе надградбата, ќе ви биде побарано да изберете една од темите кога прв пат ќе ја вклучите конзолата. Како што се очекуваше, темите ќе ги менуваат боите и звуците на менито за да одговараат на корисничкиот интерфејс на една од конзолите.
Темите може да се испробаат во новата ставка на PlayStation 30th Anniversary на горниот дел од менито за поставки на конзолата.
За жал, темите ќе бидат достапни само за ограничен временски период, но точниот рок не е наведен. Одлуката да не остане постојано присутна на некои им изгледа како пропуштена шанса.
Пред десет години, како дел од прославата на 20-годишнината на PlayStation, Sony направи нешто слично. Тогаш подготви тема со која овозможи конзолите PS4, PS3 и Vita да „изгледаат и звучат“ како PS1.