Како прва земја во светот, Ел Салвадор го воведе биткоинот како официјално средство за плаќање. Од изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, криптовалутите доживеаја бум. Што значи ова за централноамериканската земја?
„Ви кажав дека ќе биде така“, триумфално објави салвадорскиот претседател Наџиб Букеле на социјалната мрежа Х. Тој инвестира владини пари во биткоин од 2021 година досега. Благодарение на неодамнешниот пораст на вредноста на оваа криптовалута, средствата на Салвадор се зголемија за повеќе од 100 милиони долари за седум дена. Трамп, кој еднаш ги критикуваше криптовалутите, се предомисли за време на изборната кампања и вети дека САД ќе ги направи светски крипто центар.
Ова веднаш имаше влијание врз растот на вредноста, особено на „водечката валута“ Биткоин.
Сепак, останува сомнително дали профитот на владата од биткоинот, всушност, ќе им користи на граѓаните на Ел Салвадор. Во таа земја речиси 48% од населението живее под прагот на сиромаштија – речиси половина од 6,5 милиони жители живеат во тешки услови. Букеле не презентираше одржлив план за намалување на сиромаштијата ниту во неговиот втор мандат.