OnePlus 13 неодамна дебитираше во Кина, а сега веќе знаеме дека моделот наскоро ќе одржи и меѓународна премиера. Од компанијата споделуваат дека најавата ќе биде во јануари, иако нема конкретен датум.
Уредот ќе биде достапен во три бои: Midnight Ocean, Black Eclipse и Arctic Dawn. Од OnePlus додаваат дека бојата Midnight Ocean ќе биде прва за телефон со микрофиберна веганска кожа, која е дизајнирана да постигне баланс помеѓу луксузното чувство при допир и отпорноста на гребнатини и абење.
OnePlus исто така потврди дека OnePlus 13 добива сертификати за отпорност на прашина и вода IP68 и IP69.
Инаку, гласините сугерираат дека OnePlus може да го лансира OnePlus 13R и OnePlus Watch 3 на почетокот на 2025 година.