Додека преклопниот Huawei Mate X6 ќе се појави на глобалниот пазар, најверојатно истото нема да важи за флегшип серијата телефони Mate 70 од Huawei.
Huawei закажа големо претставување на 12 декември во Дубаи со пораката „разоткријте ја класиката додека започнува новата ера на врвна извонредност на преклопни уреди.“ Според сè изгледа дека станува збор за глобалното претставување на Huawei Mate X6, кој неодамна беше претставен во Кина.
Бидејќи настанот е фокусиран на преклопни уреди, можно е и Mate XT Ultimate да биде објавен на меѓународната сцена, но хаштагот #UnfoldTheClassic не изгледа соодветен за уред со тројно преклопување, каков што веќе видовме во септември.
Се очекува настанот да ги вклучи и новите MatePad Pro 13.2 и Freebuds Pro 4, а Huawei најверојатно ќе ја искористи можноста за претставување на новата верзија на Watch Ultimate наречена Sapphire Gold. Лоша вест за некои е што нема никакво споменување на неодамна претставената серија Mate 70, што значи дека овие модели веќе втора година по ред ќе останат ексклузивни за кинескиот пазар.