Кинескиот пазар веќе е „преполн“ со нови флегшип смартфон модели, а најпопуларни се Xiaomi 15 и Xiaomi 15 Pro.
Xiaomi во октомври во Кина ги претстави моделите Xiaomi 15 и Xiaomi 15 Pro, по што и останатите кинески производители ги претставија своите флегшипи. Иако просечниот корисник во Кина сега има широк избор на нови флегшип уреди, новиот извештај тврди дека токму моделите на Xiaomi се најпопуларни меѓу купувачите.
Според податоците за активација на уредите кај мобилните оператори, серијата Xiaomi 15 води со 1,3 милиони активации заклучно со 24 ноември. На второ место е неименуван модел со значително помалку активации – меѓу 600.000 и 700.000, додека третиот модел, исто така неименуван, постигнал само околу 250.000 активации.
Важно е да се напомене дека овие бројки се однесуваат на активации, а не на испораки или продажби. Со други зборови, ако корисникот купил мобилен телефон, но не го вклучил, тоа не се смета.
Според неофицијални информации и гласини, на второто место најверојатно се наоѓаат Oppo и Vivo со своите флегшип модели, бидејќи двата бренда се во сопственост на BBK Electronics, додека на третото место е Honor со моделот Magic 7 Pro, пренесува GSM Arena.