Како почеток на настанот „12 Days of OpenAI“ за претставување нови функции, Open AI ја објави финалната верзија од OpenAI o1 јазичниот модел и целосно нов пакет на претплата – ChatGPT Pro.
Компанијата OpenAI ја лансираше верзијата на популарниот четбот ChatGPT со месечна претплата од 200 долари, која може да се користи во инженерските области и за истражување. Целта на компанијата е да ја прошири индустриската примена на својата технологија.
Новото ниво, наречено ChatGPT Pro, стана додаток на постојните претплати, кои ги вклучуваат ChatGPT Plus, Team и Enterprise. Ова ги нагласува амбициите на компанијата дополнително да ја комерцијализира својата технологија, која го иницираше „бумот на вештачката интелигенција“.
ChatGPT Pro ќе овозможи пристап до најнапредните алатки на OpenAI, вклучувајќи неограничен пристап до новиот модел за резонирање о1, како и до о1 мини, GPT-40 и напредниот глас. Претплатата вклучува и о1 pro мод, верзија која користи дополнителна компјутерска моќ за решавање на посложени прашања.
OpenAI наведува дека о1 pro мод има подобри перформанси во метриките за машинско учење во математиката, науката и кодирањето во споредба со верзиите о1 и о1-preview.