Само два бренда доминираат на глобалниот пазар на AI мобилни телефони, заземајќи ги сите десет места меѓу најпродаваните уреди на светот.
АИ мобилните телефони станаа една од најважните технолошки теми оваа година. Извештајот за пазарот на AI мобилни телефони, кој го објави агенцијата Canalys, открива дека стапката на раст на AI мобилни телефони ќе достигне 17% во 2024 година, додека се очекува да порасне на 32% во 2025 година. Овие функции се сè повеќе се шират и користат, не само на флагшип моделите, туку и на уредите од средна и повисока класа.
Според истражувањето на пазарот за третиот квартал на 2024 година, Apple iPhone 16 Pro е најпродаваниот АИ мобилен телефон на светот.
Податоци за испораките на АИ мобилни телефони во третиот квартал на 2024 година:
• Apple ја зазема првата позиција со 32,1 милион испорачани единици и удел на пазарот од 61%.
• Samsung е на второто место со 25% пазарен удел, додека следат Xiaomi (7%), vivo (4%) и Honor (2%).
Топ 10 најпродавани AI мобилни телефони на светот се:
- iPhone 16 Pro
- iPhone 16 Pro Max
- iPhone 15 Pro Max
- iPhone 16
- iPhone 15 Pro
- Samsung Galaxy S24 Ultra
- Samsung Galaxy S24
- Samsung Galaxy Z Flip6
- Samsung Galaxy S24+
Samsung Galaxy Z Fold6
Apple доминира со првите пет места на оваа листа, додека Samsung зазема позиции од шесто до десето место. Ова покажува дека овие два брендови се неприкосновени лидери во категоријата АИ мобилни телефони на глобално ниво.