Xiaomi веќе го претстави првите два члена на својата серија Xiaomi 15 на паметни телефони, но уште се чека на најлуксузниот модел. Xiaomi 15 Ultra ќе пристигне на почетокот на следната година, а сега имаме уште повеќе детали за уредот, вклучувајќи и нови рендери.
Xiaomi 15 Ultra наводно нема да ја менува дијагоналата на екранот во споредба со сè уште актуелниот Xiaomi 14 Ultra. Ќе биде повторно просторен 6,73-инчен панел со исклучително тенок рамки, кој е само благо заоблен кон рабовите. Ќе има резолуција од 1,440×3,200 пиксели и освежување до 120 Hz.
На задниот дел повторно ќе има големо кружно куќиште за камерата со четири објективи. Распоредот на објективите ќе ги излудува обожавателите на симетријата, а веројатно и сите други. Ако за навистина изгледа вака со Leica логото во горниот лев агол и еден од објективите во десниот, ќе има критики.
Примарната камера повторно ќе има 1-инчен сензор и f/1.63 објектив над него. Променливиот отвор на блендата не се споменува, па веројатно и нема да го има. Тука се и 50 MP телеобјектив за 2x зумирање и 200 MP перископски телеобјектив за 4,3x зум.
Куќиштето на уредот ќе биде водоотпорно според сертификатите IP68/IP69.
Чипот ќе биде без сомнение Snapdragon 8 Elite, а капацитетот на батеријата ќе изневери некои. Се зборуваше за батерија од 6000 mAh, но наводно ќе биде некаде во опсегот од 5,450 mAh до 5,800 mAh.
Кривец за помалата батерија веројатно е и огромната камера на задниот дел, која зафаќа простор и под капакот.
Официјалната премиера на Xiaomi 15 Ultra се очекува или кон крајот на јануари или во февруари, како и лани.