Чиповите произведени со 2-нанометарскиот процес на TSMC наводно ќе бидат двојно поскапи од оние произведени со 4 и 5-нанометарски процеси.
TSMC успешно ја спроведе пробната продукција на чипови со својот 2-нанометарски процес N2 со искористеност од 60 проценти. Според извештајот на кинескиот Liberty Times Net, TSMC постигнал подобри резултати од очекуваните за време на пробното производство во својот погон во Баошан.
По успешната пробна продукција, TSMC планира да започне со масовно производство на своите 2-нанометарски чипови во фабриката во Каохсиунг, Тајван, следната година. Се очекува Apple и Nvidia да бидат меѓу првите компании што ќе ги купуваат чиповите произведени со процесот N2 на TSMC.
Чиповите произведени со 2-нанометарскиот процес на TSMC наводно ќе бидат двојно поскапи од оние произведени со 4 и 5-нанометарски процеси.
Според GSM Arena, претходните извештаи сугерираат дека идните модели iPhone 17 Pro ќе имаат 2-нанометарски чипови развиени со процесот на TSMC. Сепак, најновите неофицијални информации укажуваат дека тие првпат ќе се појават во iPhone 18 Pro во 2026 година.