Google претстави нов квантен чип за кој беше наведено дека му се потребни само пет минути за да реши каков било проблем, додека за истиот проблем на најбрзите суперкомпјутери моментно им се потребни десет септилиони (10 на 24 по американските мерења) години
Чипот претставува најнов развој во полето познато како квантно пресметување, кое се обидува да ги искористи принципите на физиката на честиците за да создаде нов вид моќен компјутер.
Новиот квантен чип Google го нарече Willow.
Меѓутоа, стручњаците велат дека Willow, за сега, е најмногу експериментален уред, што значи дека квантниот компјутер, кој би можел да биде толку моќен што ќе решава широк спектар проблеми во реалниот свет, сè уште е далеку од реализација.
Квантните компјутери работат на значително поинаков начин од системите кои се користат во лаптопите или паметните телефони.
Тие користат квантна механика за решавање проблеми многу побрзо од традиционалните компјутери.
Постојат и стравови дека би можеле да се користат за лоши цели, на пример, за некои видови на енкрипција кои се користат за заштита на чувствителни податоци.
Водачот на Google Quantum AI лабораторијата, Хартмут Невен, изјави дека Google верува во овој проект, но дека ќе биде потребно уште многу работа на него.
„Чип кој ќе биде способен за комерцијални апликации нема да се појави пред крајот на деценијата“, наведува тој.