Windows 11 добива поголем индикатор за батерија со опција за статус во боја и нови функции
Индикаторот за батерија во Windows 11 досега не беше најдобар. Беше збунувачки, тешко читлив (особено при полнење) и недоследен. За среќа, Microsoft конечно го подобрува. Најновата верзија на Windows 11 Dev Channel, 26120.2510, носи скриен нов индикатор за батерија со потребните подобрувања.
Новиот индикатор за батерија е значително поголем, овозможувајќи повеќе пиксели за попрецизно прикажување на моменталното ниво на наполнетост. Дополнително, повеќе не е црно-бел: кога е поврзан на полнач, индикаторот станува зелен. Кога е активирана функцијата за заштеда на енергија, преостанатото ниво на батеријата се прикажува со жолта боја. Моменталниот индикатор за батерија во Windows 11 прикажува само икона со молња при полнење и илустрација на лист при активирана заштеда на енергија.
Засега, редизајнираниот индикатор за батерија е присутен само на „Taskbar“. Заклучениот екран сè уште ја користи старата верзија, но се претпоставува дека и тој наскоро ќе биде ажуриран.
Како да го активирате новиот индикатор за батерија во Windows 11:
- Ажурирајте го системот на верзија 26120.2510 од Dev Channel и користете ја апликацијата ViVeTool за активирање на неколку функции:
- Преземете ја ViVeTool од GitHub и извлечете ги датотеките во посакуваната папка.
- Отворете Command Prompt како Администратор и влезете во папката со датотеките на ViVeTool користејќи ја командата CD. На пример, ако ја сместивте ViVeTool во C:\Vive, внесете „CD C:\Vive“.
- Внесете
vivetool /enable /id:48822452,48433719
и притиснете Enter. - Рестартирајте го вашиот компјутер.
Останати промени во Windows 11 Build 26120.2510:
Ажурирањето вклучува и низа функции базирани на вештачка интелигенција за Copilot+ компјутерите. Сопствениците на компјутери со најновите Intel и AMD процесори со NPU копроцесори сега можат да ги испробаат функциите како Recall, Click To Do, Paint Cocreator, Image Restyle и други кои претходно беа ексклузивни за компјутерите со Snapdragon процесори, пишува NeoWin.