Huawei наскоро во Кина ќе ја лансира новата флегшип серија паметни телефони – Mate 70. Иако сè уште не е јасно дали уредите ќе бидат достапни на меѓународно ниво, сега дознаваме и други интересни детали.
Станува збор за тоа што сите компоненти во новите смартфони се произведени во Кина. Ова го откри Извршниот директор на одделот за потрошувачки производи на Huawei, Ричард Ју.
Тој изјави дека овој успех е доказ за целосната автономност на полупроводничката индустрија во Кина. Тоа значи дека и чипсетот и меморијата ќе се произведуваат без странска помош, што претставува голем успех.
Иако е малку веројатно дека серијата Mate 70 ќе пристигне во Европа, Huawei планира меѓународна премиера на 12 декември. Очекуваме компанијата да ја најави и следната генерација Nova смартфони, како и новиот модел со преклопен екран Mate X6.