Камерата се нарекува Nokia 360 Camera и може да стримува видео во живо 8K со сараунд звук преку линк со мала латентност.
Nokia во 2015 година ја претстави професионалната Ozo VR камера, вредна во тоа време 60.000 долари. Потоа во 2017 година се повлече од пазарот за да се фокусира повеќе на дигиталната здравствена технологија, а сега се одлучи за нов обид и ја објави првата 5G 360° во светот камера за индустриска употреба.
Уредот се нарекува Nokia 360 Camera и може да стримува видео во живо 8K со сараунд звук преку линк со мала латентност. Достапни се неколку различни опции за поврзување, имено 5G, Wi-Fi и Ethernet. Моделот кој поддржува само Wi-Fi конекција е најприфатлив, но со оглед на фактот дека се работи за индустриски уред, ќе биде надвор од дофатот на обичните потрошувачи. Верзијата 5G е отпорна на екстремни температури.
Самата камера е доста отпорна и има IP67 сертификат за водоотпорност, а може да издржи и удари. Дизајнирана е да биде заштитена од разни закани, има безбеден софтвер, како и вграден безбедносен хардвер.
Nokia 300 Camera е дизајнирана да работи со софтверското решение Nokia Real-time eXtended Reality Multimedia (RXRM). Ова овозможува да се користи за телеоперација на индустриска опрема, да се испраќа за задачи за следење и инспекција од далечина, како и за следење на ситуацијата.
Платформата обезбедува 360° видео и 3D PPE аудио и им помага на компаниите да креираат аналитика, преклопувања, проширена реалност и други функции.
Камерата веќе се употребува во најдлабокиот рудник во Европа – Pyhäsalmi, каде што се користи за истражување, развој и обука за далечински операции.