На медиумски настан во Дубаи, Huawei го објави преклопниот смартфон Mate X6 на меѓународниот пазар, а главниот акцент кај овој уред е ставен на неговото исклучително тенко куќиште, чија дебелина е под 5 мм во расклопена состојба, како и издржливоста на конструкцијата.
Дисплеи
Mate X6 располага со преклоплив 7,93-инчен LTPO екран со речиси квадратен формат и резолуција од 2440 x 2240 пиксели. Панелот поддржува променлива стапка на освежување од 1 до 120 Hz, нуди осветленост до 1800 нити и прикажува повеќе од една милијарда бои. Надворешниот екран е 6,45-инчен LTPO OLED со резолуција од 1080p и осветленост до 2500 нита.
Камера
Смартфонот има систем од четири задни камери, дел од серијата XMAGE. Главната камера е 50 MP со променлива бленда (f/1.4-f/4.0), надополнета со 48 MP телефото леќа со 4x оптички зум и 40 MP ултраширокоаголна камера со автофокус. Четвртата камера е хиперспектрален Ultra Chroma сензор за подобра точност на боите.
Дизајн и батерија
Со дебелина од само 4,6 мм во расклопена состојба и тежина од 239 грама, Mate X6 импресионира со својот дизајн, кој е еден од најтенките во оваа класа смартфони. Батеријата е со капацитет од 5110 mAh, поддржува 66W жично и 50W безжично полнење.
Уредот има обновена и поиздржлива шарка, а сертификатот IPX8 гарантира заштита од вода и прашина. Надворешниот екран останува целосно функционален и под вода.
Софтвер
Huawei Mate X6 доаѓа со EMUI 15 на Android, но, како и обично, без Google Play Services. Корисниците ќе треба да ги преземаат апликациите преку Huawei AppGallery.
Компанијата претстави и нова функција Air Hoops, со која може да се игра забавна кошаркарска игра користејќи гестови. Во иднина се очекуваат дополнителни апликации со слични можности.
Цена и достапност
Се очекува Huawei Mate X6 да биде пуштен во продажба во јануари, а цената на европскиот пазар ќе изнесува 1999 евра.