Apple планира да ја прекине продажбата на iPhone SE и iPhone 14 серијата во Европската унија до крајот на 2024, поради новиот пропис на ЕУ за универзален приклучок за полнење USB-C, кој стапува на сила во јануари 2025.
Apple до крајот на годината ќе престане да го продава iPhone SE трета генерација, како и моделите iPhone 14 и iPhone 14 Plus во Европа, бидејќи стапува на сила новата регулатива на Европската унија која бара употреба на универзален USB-C приклучок за полнење.
Овие модели кои користат Lightning приклучок, го прекршуваат правилото на ЕУ што ќе почне да важи од јануари 2025 година. Наместо да направи верзии на овие уреди со USB-C порти, компанијата одлучила едноставно да ги повлече од продажба порано отколку што тоа би го направила обично.
Сепак, ова повлекување не претставува голема загуба, бидејќи Apple на пролет 2025 година ќе ја претстави четвртата генерација на iPhone SE, која ќе има USB-C порт. Се очекува дека новиот SE ќе има дизајн сличен на моделите iPhone 14, со екран од ивица до ивица, подобрена камера и USB-C полнење.
Според вообичаениот распоред на компанијата, моделите iPhone 14 и 14 Plus би се продавале во ЕУ до лансирањето на iPhone 17 следната есен, по што ќе бидат повлечени од понудата. Со тоа, Apple губи околу една година продажба на овие модели во Европа.
Вон ЕУ, овие модели ќе останат во продажба до крајот на 2025 година. Тогаш официјално ќе биде завршена ерата на Lightning приклучокот на Apple уредите, пишува 9to5Mac.