Паметниот прстен Galaxy Ring на Samsung ќе биде достапен во две нови големини од јануари 2025 година.
Новите информации, откриени од дојавувач на социјалните мрежи, укажуваат дека овој уред за носење ќе можат да го користат и лица со поголеми (подебели) прсти, бидејќи понудата ќе биде проширена со големини 14 и 15.
Големината 14 ќе има внатрешен дијаметар од 23 мм и ќе го носи бројот на модел SM-Q514. Внатрешниот дијаметар на големината 15 ќе биде 23,8 мм, а моделскиот број е SM-Q515. Двата уреди тежат по 3,2 грама.
Се шпекулира за новите големини на Galaxy Ring уште од септември, а Samsung веќе долго време се подготвува за нивното пуштање на пазарот. Сепак, според последните информации, новите големини ќе бидат достапни за неколку недели.