Се очекува, Samsung во јануари следната година да ја претстави следната флегшип серија Galaxy S25, а настанот веројатно ќе се одржи на 22 јануари во Сан Хозе.
Како што се приближува претстојниот настан, дознаваме сè повеќе детали поврзани со уредите, а оваа недела станаа познати и некои дополнителни информации.
Станува збор за ниајнсите на боите во кои ќе го видиме Galaxy S25 Ultra, според податоците од Рос Јанг од DSCC. Според него, моделот ќе дебитира во следниве нијанси: Titanium Black, Titanium SilverBlue, Titanium Gray, Titanium WhiteSilver, Titanium JetBlack, Titanium JadeGreen и Titanium PinkGold.
Интересно е што ќе има две верзии на црна боја, но засега нема детали за тоа кои ќе бидат разликите меѓу нив.
Треба да се напомене и дека некои од овие опции за бои може да бидат ексклузивни за онлајн продавницата на Samsung и/или достапни само во одредени региони. Се претпоставува дека такви ќе бидат JetBlack, JadeGreen и PinkGold.