Hisense, глобалниот бренд на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство, ја зацврсти својата лидерска позиција на светскиот пазар на 100-инчни телевизори во третиот квартал од 2024 година. Ова го потврди и меѓународниот истражувачки институт Omdia, па така Hisense е четврти последователен квартал на водечката позиција во тој сегмент.
Во третиот квартал од 2024 година, 100-инчните телевизори на Hisense сочинуваа дури 63,4 отсто од глобалните испораки.
Hisense го менува пазарот на премиум телевизори со 100-инчната серија на телевизори. Користејќи го Full Array Local Dimming, Hisense го редефинира квалитетот на сликата, правејќи ја секоја рамка верно да ја одразува намерата на креаторот, овозможувајќи автентично и живописно доживување при гледањето. Квалитетот на сликата дополнително се подобрува со динамичко прилагодување на јасноста, контрастот, бојата и острината во реално време.
Hisense телевизорите добија и бројни награди од водечките медиуми, истакнувајќи го квалитетот на сликата и секогаш добар сооднос на вложено и примено. Меѓу признанијата се Top Pick Sound & Vision редакцијата, Награда за иновација од Future тимот и Избор на уредникот на Tom’s Guide. Наградата за 100-инчните телевизори Hisense ја доделија уредниците на Digital Trends и Wired, а квалитетот беше препознаен и од здружението EISA, кое го прогласи моделот Hisense 100E7NQ Pro за Топ избор за 2024 година.
Подобрен спортски режим
За љубителите на спортот, како официјални партнери на FIFA World Cup 2025™, Hisense QLED 100-инчноттелевизор го подигнува навивањето на следното ниво. Опремен со AI Sports Mode, Ultra Motion, Dolby Atmos иDTS Virtual X, Hisense QLED телевизорот овозможуваат јасни преноси на натпревари, непречено движење на топката и кристално чист звук. Благодарение на ова, ќе се чувствувате како да сте на стадион без да го напуштите вашиот дом. Додадете ја на ова бесплатната продолжена гаранција од 5 години и знаете дека сте подготвени да навивате за вашиот омилен клуб!
За Hisense
Hisense е еден од водечките светски брендови на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство. Портфолиото на компанијата комбинира мултимедијални уреди со фокус на паметни телевизори, апарати за домаќинство и интелигентни ИТ решенија. Hisense работи во повеќе од 160 земји низ светот и постигнува исклучително динамичен раст во индустријата.