Honor GT линијата уреди фокусирани на гејминг доби нов член, а тоа е Honor GT.
Станува збор за паметен телефон кој го покренува Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3 процесор, опремен со масивен VC ладилник и батерија со силиконско-карбонска структура со капацитет од 5.300 mAh која поддржува 100W жично полнење.
Honor GT располага со 6,7-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz. Максималната светлина достигнува 4.000 нита, а сензорот за отпечатоци од прст е вграден во екранот, исто како и предната камера од 16 MP.
Процесорот Snapdragon 8 Gen 3 е комбиниран со до 16 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија. Honor го додаде својот систем за ладење Honor 3D, кој користи VC ладилник од 5.514 mm² со графитни елементи и термички проводлив гел од 9W.
На задната страна се наоѓа главна камера од 50 MP (IMX906), придружена со ултраширока камера од 12 MP. Смартфонот работи на MagicOS 9.0 базиран на Android 15.
Honor GT е достапен во боите Ice бела, Phantom црна и Aurora зелена. Цените се движат од 288 евра за моделот со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, до 432 долари за најдобриот модел со 16 GB RAM и 1 TB меморија. Уредот веќе е достапен на кинескиот пазар преку интернет-страницата на Honor, а испораките започнуваат на 18 декември.
Според некои извештаи, Honor GT ќе пристигне и во Европа во јануари 2025 година.