Корисниците на бета верзијата на Apple Maps сега можат да пристапат до функцијата Look Around преку веб, што им овозможува да разгледуваат и истражуваат достапни градови.
Look Around е одговорот на Apple на функцијата Google Street View, која е дел од Google Maps. Компанијата од Купертино има целосна листа на Look Around локации на својата интернет-страница, која вклучува одбрани градови во САД, Јапонија и некои земји од Европската унија. За да започне со истражување на одредена локација на десктоп, корисникот треба да кликне на иконата на двогледот во долниот лев агол на мапата. Слично на Street View, корисниците ќе можат “виртуелно да летаат” над патиштата и да “влечат” на екранот за да истражуваат одредени места преку 360-степени фотографии.
Apple ја лансираше бета верзијата на својата мапа за веб во јули, но со многу ограничувања. Пристапот беше ограничен на одредени уреди и прелистувачи. Иако можеше да се користи за добивање насоки, функцијата Look Around не беше достапна. Сепак, Apple вети дека ќе додаде повеќе функции во наредните месеци.
Иако покриеноста на опцијата Look Around сè уште е доста ограничена, Apple работи на проширување на нејзината достапност. Во план е додавање на помали градови и рурални подрачја во мрежата Look Around, како и додавање на повеќе земји како Египет, Кина и Мексико.
Веб-верзијата на Apple Maps е достапна како алтернатива на Google Maps и е компатибилна со Safari, Chrome, Edge и Firefox на Mac компјутери, iPad уреди и Windows PC. Apple Maps на веб сè уште е достапен во бета верзија.