Според извештајот на International Data Corporation (IDC), Huawei во првите три квартали од 2024 година го зазеде првото место на глобалниот пазар на носечки уреди според бројот на испорачани примероци
Оваа година претставува голем успех за Huawei, особено во однос на носливите уреди, и покрај санкциите со кои се соочува компанијата. Промоцијата на здрав живот, системите за следење на здравјето и фитнесот со модерен дизајн доминираа на пазарот во текот на трите квартали од 2024 година.
Во споредба со претходната година, Huawei забележа раст од 44,3 проценти, а нивниот пазарен удел изнесуваше 16,9 проценти.
Во текот на 2024 година, Huawei претстави три вида паметни часовници: Watch Fit 3, серијата Huawei GT 5 и Huawei Watch D2.
Watch D2 е немедицински уред за сеопфатно следење на здравјето со можност за мерење на крвниот притисок. Watch Fit 3 е збогатен со функции за следење на калориите и анализа на исхраната, комбинирани со модерен дизајн. Новиот Watch GT 5 ги комбинира спортските функции на TruSense системот со специјален дизајн, кој му донесе признанија од глобалните медиуми.
Напредокот е забележан во Европа, Латинска Америка, азиско-пацифичкиот регион, Блискиот Исток и Африка. На промоциите во Барселона, Дубаи и Бразил учествуваа Мо Фара и Памела Рајф.
Кога станува збор за бројките, Huawei испорача 23,6 милиони уреди, Apple 22,5 милиони, Xiaomi 20,5 милиони, а Samsung 11,5 милиони уреди.