Според информациите што ги сподели Еван Блас, Lenovo на CES планира да ја презентира новата генерација лаптопи ThinkBook Plus
Веќе почнаа да пристигнуваат информации за тоа што производителите планираат да прикажат на CES. Изгледа дека Lenovo планира да ја претстави новата генерација на ThinkBook Plus, која ќе има екран со можност за извлекување.
Екраните со можност за ролање и извлекување веќе неколку години постојат како концепт, но изгледа дека следната година конечно би можеле да станат реалност на пазарот. По бројните демонстрации од страна на производителите на екрани и паметни телефони, првата комерцијална примена на оваа технологија би можела да биде претставена уште во јануари, на CES.
Според информациите што ги сподели технолошкиот аналитичар Еван Блас, Lenovo на CES планира да ја презентира новата генерација лаптопи ThinkBook Plus, која, меѓу другото, ќе вклучува и екран со можност за извлекување. Објавени се дури и рендери што изгледаат доста реалистично и го прикажуваат изгледот на лаптопот со ваква технологија.
Кога ќе се користи како обичен лаптоп, екранот ќе има сооднос на страници од приближно 3:2, но кога на корисникот ќе му треба повеќе работен простор, екранот ќе се извлече нагоре и значително ќе се зголеми. Спецификациите на екранот сè уште не се познати, а се поставува и прашањето за издржливоста на ваквите уреди, особено кога станува збор за производи од прва генерација.
Деталите ќе бидат познати уште на почетокот на јануари, кога CES ќе ги отвори своите врати.