Во Универзитетската болница во Кјото започнаа клинички испитувања со експериментален лек кој наводно треба да го поттикне растот на овие скриени заби кај лица во трета животна доба
Луѓето на кои им недостасуваат заби можеби ќе можат да им израснат нови, се надеваат јапонските стоматолози кои тестираат пионерски лек што треба да понуди алтернатива на протезите и имплантите. Според оралните хирурзи од Медицинскиот истражувачки институт на болницата Китано во Осака, под нашите непца се кријат успиени пупки на заби од трета генерација. Тестовите на глувци и творови сугерираат дека блокирањето на протеинот наречен USAG-1 може да го разбуди третиот сет заби, а истражувачите објавија лабораториски фотографии од повторно израснати заби кај животните.
Во Универзитетската болница во Кјото започнаа клинички испитувања со експериментален лек кој наводно треба да го поттикне растот на овие скриени заби кај лица во трета животна доба. Лекот со антитела, кој таргетира протеин речиси идентичен на USAG-1, веќе се користи за лекување на остеопороза, а Јапонците планираат овој лек за растење на заби да стане достапен до 2030 година.
Многумина се сомневаат во резултатите, а некои ја сметаат тврдата дека луѓето имаат латентни пупки на заби кои можат да произведат трет сет заби за најблаго речено контроверзна. Резултатите од експериментите со животни отвораат прашање дали регенерираните заби можат функционално и естетски да ги заменат недостасувачките заби. Јапонците тврдат дека положбата на новиот заб во устата може да се контролира преку местото на инјектирање на лекот. А доколку забот израсне на погрешно место, тој секогаш може да се премести со ортодонција или трансплантација.