Соларната сонда Parker, која е дел од американската вселенска агенција NASA, продолжува да кружи околу Сонцето, пишувајќи историја, а сега се подготвува за уште едно рекордно приближување.
На вторник, 24 декември, односно на Бадник пред Божиќ, сондата ќе се најде на оддалеченост од 6,1 милиони километри од Сонцето, што ќе биде најмалата оддалеченост во историјата.
Овој рекорд ќе ја одбележи 22-та орбита на соларната сонда Parker околу Сонцето и првата од трите последни најблиски прелети планирани во оваа мисија. Сондата беше лансирана во 2018 година и ќе комплетира вкупно 24 орбити.
„Ниту еден објект направен од човек никогаш не поминал толку блиску до Сонцето. Возбудени сме да воспоставиме контакт со сондата откако повторно ќе се појави“, изјави Ник Пинкине, менаџер на операциите за соларната сонда „Паркер“ во Лабораторијата за применета физика на Џонс Хопкинс.
Сондата ќе лета со брзина од 690.000 километри на час во моментот кога ќе биде најблиску до Сонцето. Таа ќе се јави на својот тим на 27 декември за да го потврди својата состојба, бидејќи дотогаш ќе биде доволно оддалечена од Сонцето за да продолжи со комуникацијата.