Samsung Galaxy S25 серијата донесува двојно поголем капацитет на меморија, подобрени камери и функцијата Now Bar, инспирирана од iPhone Dynamic Island, со почетна цена од 899 евра.
Започна одбројувањето до лансирањето на новите Samsung флегшип телефони од Galaxy S25 серијата. Официјалниот постер, објавен на неодамнешната најава за Galaxy Unpacked настанот, сугерира дека новите уреди ќе бидат претставени на 22 јануари следната година. Корејскиот медиум Etnews утрово ги објави целосните детали. Целата серија Galaxy S25 користи Qualcomm процесори, ќима двојно поголем капацитет за складирање податоци и воведува нови функции слични на Dynamic Island на iPhone,
Според извештајот на Etnews, дизајнот на годинашните модели Galaxy S25, S25 Plus и S25 Ultra ќе биде похомоген. Моделот S25 Ultra повеќе нема да има остри агли, додека целата серија ќе користи заоблени рабови. Големините на екраните остануваат исти како кај претходната генерација: 6,16 инчи, 6,66 инчи и 6,86 инчи.
Што се однесува до камерите, Galaxy S25 Ultra ја задржува ексклузивната главна камера со широк агол од 200 мегапиксели. Ултраширокиот сензор ја зголемува резолуцијата од 12 на 50 мегапиксели, со дополнување од 10-мегапикселен телефото објектив со 3x зум и телефото објектив со 5x зум со повеќе мегапиксели. Стандардните модели S25 и S25 Plus имаат комбинација од главна камера од 50 MP, ултраширока од 12 MP и телефото камера од 10 MP. Предните камери кај сите три модели се 12 MP.
Сите три модели користат Qualcomm Snapdragon 8 Elite процесори, без Exynos варијанта. Минималната количина на RAM меморија е 12 GB, додека S25 Ultra доаѓа со до 16 GB. Капацитетот за складирање започнува од 256 GB, со што верзијата од 128 GB е исфрлена. Капацитетот на батериите зависи од големината на моделот: 4000 mAh, 4900 mAh и 5000 mAh, со поддршка за 45 W брзо жично полнење и 15 W безжично полнење.
Пред неколку дена, Samsung преку One UI 7 ја најави главната функција на моделот S25 – Now Bar. Оваа функција, слична на Apple Dynamic Island, овозможува прикажување информации во реално време, како музика, снимање, преведување или спортски резултати. Асистентот Bixby ќе добие проширени можности за управување со апликации. Што се однесува до цената, поради преминот на Qualcomm процесори и подобрените спецификации, зголемувањето на цената е неизбежно. Сепак, основната цена на Galaxy S25 моделот останува 899 евра, според податоците од европските продавачи.