Според информациите објавени од долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо, Apple ќе започне со масовно производство на стандардниот M5 чипсет веќе во првата половина на 2025 година, по што ќе следуваат верзиите M5 Pro, Max и Ultra.
Следната година се очекува почетокот на масовното производство на новата генерација M5 чипсет на Apple, а за нив зборуваше и долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо. Тој тврди дека M5 чипот ќе бидат изработен со напреден 3-нанометарски производствен процес N3P, кој ќе има од 5 до 10 проценти помала потрошувачка на енергија во споредба со M4 чипсетот, обезбедувајќи притоа подобрување на перформансите од 5 проценти.
Основниот M5 чип треба да влезе во масовно производство во првата половина на 2025 година, додека производството на верзиите M5 Pro и Max ќе започне во втората половина од истата година. Најмоќниот M5 Ultra SoC е планиран за 2026 година.
„Чиповите M5 Pro, Max и Ultra ќе користат серверско ниво на SoIC пакување. Apple ќе примени 2.5D пакување под назив SoIC-mH (molding horizontal) за да ја подобри ефикасноста на производството и термалните перформанси, вклучувајќи одделен дизајн за CPU и GPU“, објаснува Куо во својата објава на X.
Покрај овие подобрувања во енергетската ефикасност и перформансите, се очекува M5 SoC чиповите да бидат специјално оптимизирани за задачи поврзани со вештачка интелигенција.