Претстојниот Poco F7 би можел да биде ребрендиран Xiaomi Civi 5 Pro со подобрени перформанси и AMOLED екран.
Според најновите информации, Xiaomi Poco F7 носи значителни подобрувања во перформансите и автономијата. Инсајдери сугерираат дека уредот ќе биде опремен со чипсет Snapdragon 8s Elite и батерија со голем капацитет од 7.000 mAh, со поддршка за брзо полнење од најмалку 90 W.
Mожни карактеристики на Poco F7 телефонот:
- Процесор: Snapdragon 8s Elite, наводно подобрена верзија на Snapdragon 8 Gen 2, но послаб од Snapdragon 8 Gen 3.
- Батерија: 7.000 mAh со поддршка за брзо полнење од 90 W или повеќе.
- Екран: LTPS AMOLED екран со резолуција од 1.5K.
Poco F7 се смета за ребрендиран модел на Xiaomi Civi 5 Pro, што значи дека би можел да понуди сличен дизајн и хардверски карактеристики. Според изворите, првите уреди со процесорот Snapdragon 8s Elite се очекуваат во април 2025 година, но не е потврдено дали Poco F7 ќе биде меѓу нив.
Цените и дополнителните информации за моделот сè уште не се достапни. Како референца, неговиот претходник, Poco F6, моментално се продава за 377 долари. Се очекува Poco F7 да ја задржи поволната цена со значителни подобрувања, пишува Notebookcheck.