Galaxy Z Flip7 може да биде првиот смартфон со преклопен екран од Samsung со Exynos чипсет. Ова ќе биде голема промена за компанијата, која досега користеше исклучиво Snapdragon чипови од Qualcomm.
Веќе е познато дека Samsung го подготвува Exynos 2500, но се верува дека овој чипсет веројатно нема да се појави во Galaxy S25 серијата. Ова се должи на наводите за недоволна продуктивност во производството.
Сега, според извештајот на The Elec, Galaxy Z Flip7 ќе биде опремен со Exynos 2500 чип. Јужнокорејското издание наведува дека информацијата е потврдена од висок функционер на Samsung.
Samsung планира да произведе 3 милиони единици Galaxy Z Flip7, што претставува само 1% од годишната продажба на компанијата. Очекуваното претставување на следната генерација преклопни модели би требало да биде во средината на 2025 година.
Ова ѝ остава доволно време на компанијата да ја подобри продуктивноста на својот прв флегмански чип со 3-нанометарска технологија. Сепак, останува да се види дали овие тврдења ќе се остварат.