Следната генерација на Samsung QD-OLED панели би можела да достигне неверојатна осветленост, правејќи ги уште поконкурентни во споредба со LCD технологијата.
По повеќе од една деценија отпор кон OLED технологијата, Samsung во 2022 година ги претстави своите први QD-OLED телевизори. Иако оваа технологија се истакна со подлабоки бои и попрецизни бели тонови во споредба со WRGB-OLED панелите на LG Display, осветленоста на QD-OLED телевизорите сè уште заостанува зад LCD моделите.
Според најновите информации, Samsung Display планира лансирање на следната генерација на QD-OLED панеливо 2025 година, кои би можеле да постигнат осветленост поголема од 3.600 нита, со цел да достигнат максимална осветленост од 4.000 нита.
За да го постигне овој напредок во осветленоста на OLED панелите, Samsung развива нов процес кој го елиминира потребниот засебен CF/QD супстрат. Quantum dot слоевите ќе бидат директно нанесени на капсулациониот слој, што овозможува користење само еден слој.
Сè уште не е јасно дали телевизорите на Samsung со оваа унапредена технологија ќе бидат достапни веќе во 2025 година или нивното лансирање ќе биде одложено за 2026 година. Без оглед на тоа, иднината на QD-OLED телевизорите изгледа многу светла, пишува Sammobile.

