Првиот кинески длабокоморски мултифункционален истражувачки брод развиен во ова аземја официјално стапи во употреба. Станува збор за брод со име Tansuo-3, кој го започна својот работен век во градот Санја во провинцијата Хаинан.
Бродот се приклучува на постојната кинеска флота на мразокршачи која ги вклучува Xuelong, Xuelong 2 и Jidi, од кои сите припаѓаат на Министерството за природни ресурси.
Бродот ќе започне со изведување на истражувачки мисии во длабоките води во првата половина на 2025 година и значително ќе ги прошири истражувачките капацитети на Кина. Со него ќе управува неговиот нов сопственик, Институтот за длабокоморска наука и инженерство. Според државни извори, бродот бил заеднички дизајниран од истражувачи од Институтот „Санја“, Guangzhou Shipyard International Co и други истражувачки субјекти.
Изградбата започна во јуни 2023 година во бродоградилиштето Гуанчоу, а главниот труп беше завршен во април. Осумдневното поморско тестирање беше завршено на крајот на октомври, па бродот се врати во бродоградилиштето за конечно доопремување.
Бродот ќе носи едно подводно возило со екипаж наречено Shenhai Yongshi, кое ќе се користи за редовни научно-истражувачки операции. Така, Tansuo-3 ќе може да спроведува длабокоморски тестови и археолошки истражувања во Јужното Кинеско Море и пошироко. Опремен е со опрема од светска класа, како што се напредни хидролокатори за длабоко море и системи за лансирање на подморници со екипаж и роботи. Исто така, има и опрема за подводни ископувања и спасување.
Длабокоморските мисии ќе започнат во втората половина на 2025 година, а бродот исто така е способен за истражување во различни средини, вклучувајќи ги и поларните региони, бидејќи има и карактеристики на мразокршач.
Tansuo-3 е долг 104 метри, а неговиот депласман изнесува 10.000 тони. Дизајниран и изграден е во соработка исклучиво со кинески изведувачи. Може да достигне брзина од 16 јазли или 30 км/ч, а дизајниран е да постигне опсег од 15.000 наутички милји, што е околу 27.780 километри. Капацитетот на екипажот е 80 луѓе.
Влегувањето во употреба на овој брод означува значителен напредок во кинеската автономија во развојот на клучните технологии, не само домашна развиена опрема, туку и независно развиени клучи контролни системи.