Откако американската вселенска агенција NASA објави дека сондата Parker се приближила до Сонцето поблиску од било кое летало, пристигнаа нови информации за овој подвиг.
Со одредено исчекување, NASA конечно доби повратен сигнал од леталото, што исто така значи дека е во добра состојба и без проблем си ја врши работата.
„Лабораторијата за применета физика „Џонс Хопкинс“ (АПЛ) во Лорел го прими сигналот кратко пред полноќ во ноќта на 26 декември. Тимот беше во контакт со леталото од неговото приближување до Сонцето, а сондата Parker стигна на 6,1 милиони километри од површината на Сонцето“, изјавија од NASA
Леталото се движело кон оваа цел со 692.000 км/ч, а се соочило со температура од 980 степени Целзиусови.
Оваа сонда ќе ѝ помогне на НАСА и на научниците да направат мерења, да го следат потеклото на сончевиот ветер и да откријат како енергетските честички се забрзуваат до брзината на светлината.
Соларната сонда Parker беше лансирана во 2018 година, а веќе 21 пат го помина Сонцето. Сепак, последното проаѓање беше и најблиску во историјата.
.