Мерките ќе бидат во сила низ целиот свет до Нова година и се однесуваат на изнајмување од една до три ноќи.
Интернет платформата за краткорочно изнајмување сместување Airbnb користи вештачка интелигенција за да препознае и спречи изнајмување за целите на новогодишните прослави.
Платформата соопшти дека вовела мерки засновани на машинско учење кои препознаваат и блокираат резервации за сместување со висок ризик. Технологијата ја снима должината на патувањето, тип на огласи, растојанието од локацијата на гостинот и времето кога е направена резервацијата за да се утврди дали тоа претставува ризик.
Американската компанија ги воведе овие ограничувања уште во 2020 година и тврди дека оттогаш забележала значителен пад на поплаките за организирање забави.
Airbnb објави дека само минатата година блокирала околу 74.000 луѓе кога се обидувале да направат резервација. Мерките ќе важат ширум светот до Нова година и се однесуваат на изнајмување од едно до три ноќевања.
Гостите мора да потврдат дека разбираат дека нелегалните или бучните забави се забранети на Airbnb и во спротивно ќе бидат предмет на исфрлање од платформата.