Поткастот “Научно докажано” на нутриционистот Сашко Дрвошански е новото место каде може да се добијат корисни едукативни и научно докажани информации поврзани со нашето здравје.
Тоа е особено важно со доаѓање на празничната атмосфера, прославите, забавите, уживањето кои се дел од секојдневието, а алкохолот е во центарот на вниманието. За да се разјаснат вистините и митовите за алкохолот Сашко Дрвошански ги анализира во својот поткаст ефектите врз организмот.
Главната тема во последната епизода поткастот е влијанието на алкохолот. Сите знаеме дека тој е составен дел од забавите и дружењата во периодот на празниците, Но добро е да знаеме како да ги намалиме негативните последици, мамурлукот кои тој ги предизвикува, и да знаеме кој алкохол какво влијание има на нашиот организам, за да можеме да направиме подобар избор кога веќе пиеме…
Најпрво, тој содржи високо ниво на шеќери кои водат до зголемување на телесната тежина. Честопати се шири и митот дека умерена консумација на црвено вино е “здраво” но вистината е поинаква. За да се внесе соодветна количина на антиоксиданси во телото и да се имаат здравствени придобивки, тоа значи дека треба да се внесат токсични количини на алкохол што би го нарушило здравјето.
Ензимите во црниот дроб се одговорни за разградување на алкохолот и кај повеќето луѓе (со мал број исклучоци) ова е бавен процес што води до несакани последици како мамурлак или црвенило на лицето. Црвенилото на лицето не е подобрена циркулација, тоа е мит, туку симптом на нетолеранција на хистамините.
Покрај тоа што ги разјаснува митовите во поткастот се споделуваат корисни информации за тоа како да се консумира алкохолот со што помалку негативни последици и да се ужива во празничната атмосфера.