Дисплејот на новата LG микробранова печка не служи само за управување. Тој може да се поврзе и со други домашни апарати, притоа обезбедувајќи дополнителни информации.
LG одлучи да му одговори на Samsung во трката за поставување дисплеи на секој домашен апарат, па така ја претстави микробрановата печка LG Signature, која покрај стандардните функции, располага со голем 27-инчен LCD екран чувствителен на допир и сет звучници.
Иако многумина би помислиле дека микробранова печка не му е потребен ваков дисплеј, LG има спротивно мислење. Тие тврдат дека дисплејот обезбедува „импресивно искуство забава“ и нуди функција за поврзување со другите LG домашни апарати.
„Дисплејот овозможува пристап до паметната контролна табла за домот LG ThinQ, што им овозможува на корисниците да управуваат со сите LG AI уреди, како и со компатибилни уреди Matter и Thread во домот. Покрај тоа, кога ќе се поврзе со индукциската плоча за готвење, LCD дисплејот на микробрановата печка практично го прикажува напредокот на готвењето во рерната, елиминирајќи ја потребата за наведнување и рачно проверување“, соопштија од LG.