Honor го претстави смартфонот Magic7 Lite, четвртиот член на серијата Magic7, кој носи веќе познати спецификации.
Смартфонот од средна класа всушност е „европска верзија“ на моделот Honor X9c со речиси идентични спецификации, но со една значајна разлика: Magic7 Lite е отпорен на вода и прашина според стандардот IP64, додека кај моделот X9c тоа е IP65M заштита од водени млазови.
Уредот располага со 6,78-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120Hz, а го придвижува Qualcomm Snapdragon 6 Gen 1 процесорот. На задната страна се наоѓа главна камера со сензор од 1/1,67 инчи. Смартфонот е напојуван од силиконско-јаглеродна батерија со поддршка за брзо полнење од 66W. Го користи Honor MagicOS 8.0 базиран на Android 14.
Magic7 Lite е достапен во Titanium виолетова и Titanium црна боја. За верзијата со 8 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија, цената изнесува 479 евра.