Американската технолошка компанија Apple се согласи на спогодба со корисниците кои ненамерно биле шпионирани од нејзиниот гласовен асистент Siri и ќе им плати вкупно 95 милиони долари за претрпената штета.
Предложената спогодба, според која сопствениците на производите на Apple со асистентот Siri би можеле да добијат до 20 долари по уред, мора да биде одобрена од американскиот суд.
Потенцијалното плаќање би се однесувало на корисниците на Appke во САД кои купиле уред од компанијата меѓу 17 септември 2014 година и 31 декември 2024 година, а од нив дополнително се бара да сведочат под заклетва дека случајно го активирале Сири за време на разговор што треба да биде доверлив или приватен.