Новинарите го прогласија Apple Vision Pro уредот за најдобар производ во 2024 година, додека според анкетата на корисници, првото место го освои Mac компјутер.
Apple во 2024 година претстави низа нови производи, вклучувајќи промени во iPhone, iPad, Mac, AirPods и Apple Watch линијата. Сепак, според изборот на новинарите, најдобриот производ на годината е Vision Pro хедсетот, кој носи револуционерно XR искуство. Контролата преку поглед и гестови, со речиси незабележливо доцнење, го поставува Vision Pro како лидер во индустријата.
Од друга страна, резултатите од анкетата со самите корисници покажаа поинаква слика. Во спроведената анкета учествуваа повеќе од 10.000 луѓе, од кои 37,3% гласаа за Mac Mini со М4 чип. Благодарение на своите компактни димензии и моќниот M4 процесор, тој го зазеде првото место.
На второто место се најде M4 iPad Pro со 13,7% од гласовите, додека серијата iPhone 16 Pro доби само 11,5% и го освои третото место. Vision Pro, и покрај пофалбите од новинарите, се најде на четвртото место со 10,2% од гласовите.
Додека експертите го гледаат Vision Pro како врв на иновациите на Apple во 2024 година, корисниците ги фаворизираат попрактичните и покомпактни уреди, како што е M4 Mac Mini. Ова покажува дека различни сегменти од публиката имаат различни приоритети кога станува збор за технолошките иновации, пренесува LTN.