На годинашниот саем CES 2025 кој се одржува во САД, HDMI асоцијацијата ја претстави спецификацијата HDMI 2.2, значително унапредување кое го дуплира протокот на 96 Gbps, овозможувајќи пренос на високи резолуции и попрецизна репродукција на содржините.
Новата HDMI 2.2 стандард вклучува:
- Проток од 96Gbps: двојно поголем капацитет за пренос на податоци во споредба со претходната верзија, овозможувајќи пренос на 10-битни и 12-битни некомпресирани 4K 240 Hz и 8K 60 Hz содржини со целосна 4:4:4 колор покриеност.
- Нов сигнален протокол – Fixed Rate Link (FRL): обезбедува постабилен пренос за ултра-високи резолуции.
- Примена во професионалната сфера: покрај потрошувачката електроника, HDMI 2.2 ќе се користи во XR уреди, просторно-реална технологија, медицинско снимање и големи дигитални рекламни екрани.
Решен проблем со доцнењето на звукот
Една од клучните иновации е протоколот за индикација на латенција (Latency Indication Protocol – LIP), дизајниран за намалување на доцнењето на звукот кај сериски поврзани уреди. Овој протокол ги решава проблемите со синхронизација кои се појавуваат при поврзување на телевизорите преку засилувачи или звучни системи, што значително влијае на уживањето во мултимедијалните содржини.
Покрај HDMI 2.2 стандардот, претставен е и новиот Ultra96 HDMI кабел, кој бара задолжителна сертификација за сите должини. Производителите се должни јасно да ги означат сертифицираните производи за да обезбедат зададен квалитет на пренос. Новиот стандард ќе биде достапен за производителите на HDMI 2.x уреди во првата половина на годината, додека производите ќе пристигнат на пазарот нешто подоцна.
Со претставувањето на HDMI 2.2, стандардот DisplayPort исто така е унапреден на верзија 2.1b, но со помали промени. Максималниот проток останува 80 Gbps, со воведување на нова линија за пренос наречена “DP80LL” (Low Loss). HDMI 2.2, со својот поголем проток и напредни функции, поставува нов стандард во индустријата, пренесува LTN.