Xiaomi се подготвува за претставување на наследникот на преклопниот смартфон Mix Flip, кој ќе донесе значителни подобрувања.
Според наводите на дојавувачот на социјалната мрежа X, новиот Mix Flip 2 ќе располага со батерија со капацитет од 5.600 до 5.700 mAh, што е значително повеќе во споредба со батеријата од 4.780 mAh кај „оригиналниот“ Mix Flip.
Покрај тоа, Mix Flip 2 ќе биде потенок и полесен од својот претходник. За споредба, дебелината на Mix Flip изнесува 7,6 милиметри кога е отворен, односно 16 милиметри кога е затворен, а тежината му е 190 или 192 грама, во зависност од верзијата.
Исто како и првиот модел, Mix Flip 2 ќе биде достапен за продажба на светските пазари, а не само во Кина. Аналитичарите очекуваат уште еден одличен смартфон од Xiaomi.