Razer на CES прикажа нов интересен концепт, а се работи за столче наменет за гејмерите кое има функции за греење и ладење за време на интензивни гејминг сесии.
Станува збор за концепт наречен Project Arielle, кој има вентилатор без лопатки за загревање или ладење на столот. Во основа, станува збор за столот Razer Fujin Pro, кој доби разменувач на топлина, така што корисникот може да ги контролира условите во кои седи преку панел чувствителен на допир поставен на потпирачот за рака.
Судејќи според визуелните изгледи, на столот му треба наменски извор на енергија за да работи. Останатите детали сѐ уште се мистерија, но се очекуваат во наредниот период.
Концептот е сè уште во раните фази на развој, така што нема гаранции дека конечната верзија на столот всушност некогаш ќе биде пуштена во продажба.