Иако Xiaomi 15 серијата веќе се појави на кинескиот пазар, глобалната публика со нетрпение го очекува најмоќниот модел – Xiaomi 15 Ultra. Според најновите гласини и информации, се чини дека токму саемот MWC 2025 во Барселона, кој се одржува кон крајот на февруари, би можел да биде сцената за неговата глобална премиера.
Што знаеме досега?
Иако нема официјална потврда од Xiaomi, неколку извори посочуваат на MWC како веројатно место за претставување. Претходните гласини сугерираа можност за премиера во јануари или февруари, но сега изгледа поверојатно дека Xiaomi ќе го почека саемот во Барселона за да обезбеди што поголем медиумски одек.
Зошто MWC е идеална сцена?
MWC (Mobile World Congress) традиционално е место каде што се собираат најголемите имиња од мобилната индустрија. Иако во последно време трендовите се менуваат и сè помалку производители го избираат овој саем за лансирање на своите уреди, Xiaomi би можел да се одлучи за овој потег за да го нагласи глобалното значење на својот нов водечки модел.
Што очекуваме од Xiaomi 15 Ultra?
Според досегашните информации, Xiaomi 15 Ultra треба да донесе значителни подобрувања во однос на својот претходник:
•Екран: Очекува се 6,73-инчен екран со резолуција од 1440 x 3200 пиксели и стапка на освежување од 120 Hz. За разлика од некои конкуренти, Xiaomi наводно се одлучил за благо закривен екран, наместо сосема рамен.
•Камера: Фокусот повторно ќе биде на врвните фотографски можности. Главната камера треба да има голем сензор од 1 инч со отвор на блендата f/1.63. Се споменува и сензор од 200 MP, иако не е сосема јасно дали ќе биде ист како кај X100 Ultra.
•Отпорност: Се очекува IP68 и IP69 сертификат за отпорност на вода и прашина, што ќе обезбеди високо ниво на заштита на уредот.
•Батерија: Капацитетот на батеријата треба да биде меѓу 5.450 mAh и 5.800 mAh, со поддршка за брзо и безжично полнење.
•Останато: Се разбира, се очекува најновиот Snapdragon процесор, врвни перформанси и други карактеристики соодветни на еден водечки уред.
Кога може да очекуваме официјална потврда?
Официјалната потврда од Xiaomi за претставување на MWC се очекува во наредните недели. Дотогаш, сите информации треба да се земат со резерва. Сепак, сè упатува на тоа дека кон крајот на февруари во Барселона би можеле да сведочиме на глобалната премиера на новата Ultra од Xiaomi.