iPhone 17 Air ќе донесе ултра-тенок дизајн, но редизајнот на Pro моделите ќе осигура дека премиум уредите нема да останат во сенка.
iPhone 17 Air ќе ја замени iPhone Plus линијата и ќе понуди ултра-тенок дизајн со една задна камера, овозможувајќи визуелно препознатлив изглед. Ова е уред кој луѓето ќе го забележат на прв поглед, враќајќи ја старата фасцинација со прашањето: „Дали е ова новиот iPhone?“
Сепак, оваа иновација може да ги стави iPhone Pro моделите во сенка, што Apple никако не го посакува. Pro линијата е клучна за компанијата поради своите премиум карактеристики, повисоката цена и профитот што го носи.
iPhone 17 Pro: неопходен редизајн
За Pro моделите да останат актуелни и привлечни, Apple планира значајни промени во дизајнот на iPhone 17 Pro и Pro Max моделите. Овие промени ги вклучуваат:
•Алуминиумска рамка за полесна конструкција.
•Поголем, правоаголен модул за камера, што укажува на подобрувања во фотографијата.
•Две различни материјали на задниот дел – алуминиум на горната половина и стакло на долната.
•Намален Dynamic Island на Pro Max моделот.
•Заоблени рабови, што ќе донесат нова естетика и подобро чувство при користење.
Овие промени гарантираат визуелно освежување што ќе ги разликува iPhone Pro моделите од претходните генерации, но и од самиот 17 Air модел.
Apple свесно го прифаќа предизвикот да ги редизајнира iPhone Pro моделите за да ја задржи вниманието на корисниците и да ја оправда нивната повисока цена. Ова ќе им овозможи на iPhone 17 Pro и Pro Max моделите да го задржат статусот на премиум уреди, додека 17 Air ќе биде привлечен избор за оние кои сакаат уникатен и модерен дизајн, анализира 9to5Mac.